ЛОНДОН ГИ ЕВАКУИРА ОД КАБУЛ И МИЛЕНИЦИТЕ 140 кучиња и 60 мачки чекаат авион

Додека илјадници Авганистанци очајно се обидуваат да ја напуштат земјата по доаѓањето на власт на талибанците, стравувајќи дека повторно ќе почнат да ги прогонуваат нивните противници, ова прашање веќе неколку дена е тема на јавна расправа во Велика Британија.

263

Британскиот министер за одбрана Бен Волас вчера изјави дека ќе одобри воздушна евакуација на кучиња и мачки од Кабул, Авганистан, каде во азил ги сместил поранешен маринец кој изнајмил авион за да ги евакуира своите авганистански соработници и животните.

Додека илјадници Авганистанци очајно се обидуваат да ја напуштат земјата по доаѓањето на власт на талибанците, стравувајќи дека повторно ќе почнат да ги прогонуваат нивните противници, ова прашање веќе неколку дена е тема на јавна расправа во Велика Британија и доказ за големата приврзаност на нејзините граѓани кон животните, пренесува Н1.






– Ако дојде со своите животни, ќе побареме „слот за неговиот авион – напиша Волас на Твитер за Пол Фартинг, бивш војник кој отвори азил за мачки и кучиња во Кабул и сега сака да извлече од земјата околу 140 кучиња и 60 мачки, како и неговите авганистански соработници и нивните семејства.

Министерот претходно изјави дека нема „да даде предност на животните пред очајните мажи, жени и деца кои тропаат на вратата“, на што реагираше активистот за права на животните Доминик Даер, велејќи дека Волас треба да даде оставка.

Сепак, вчера на Твитер изрази задоволство за министеровиот омекнат став, велејќи дека тоа е резултат на посредувањето на премиерот Борис Џонсон.

Поврзани содржини