Локомотива гори на Железничка во Скопје, нема повредени патници (ФОТО)

Предмалку во Скопје пристигна патничкиот воз од Гевгелија, но само што се симнаа патниците, забележавме дека локомотивата е во пламен. Нема повредени - кратко ни искоментираа вработени во Железница.

3,631

Патниците кои предмалку пристигнале со возот од Гевгелија во Скопје уште долго време ќе го паметат ова патување, бидејќи самите тие биле сведоци на голем пожар кој почнал да се шири во локомотивата, дознава Плусинфо од извори во Железница.

Како што објаснуваат нашите соговорници, вработените во Железничката станица во Скопје во моментов со сите сили се обидуваат да го изгаснат огнот, а за среќа, како што велат, нема повредени патници.






– Предмалку во Скопје пристигна патничкиот воз од Гевгелија, но само што се симнаа патниците, забележавме дека локомотивата е во пламен. Нема повредени, но сè уште се обидуваме да ги откачиме вагоните за да не ги зафати пламенот – кратко ни искоментираа вработени во Железница.

Поврзани содржини