ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ГО ПОМЕСТИЈА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ Мицкоски најави дека ќе биде донесен до крајот на јуни

Премиерот вели дека е логично да има прераспределба на средства во буџетот во месецот што следи поради импликацијата врз буџетските средства како резултат на проектите што ги поднесоа општините на вториот повик, зашто се работи за вкупно 16 милијарди денари.

85

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека, поради локалните избори, ребаланс на Буџетот ќе има најверојатно на крајот на јуни.

Одговорајќи на новинарски прашања во рамки на посетата на општина Штип, Мицкоски напомена дека се уште не е направена анализа, но ќе се направи по што ќе се излезе со предлог пред пратениците.






– Логично е да има прераспределба на средства во месецот што следи поради импликацијата врз буџетските средства како резултат на проектите што ги поднесоа општините на вториот повик, зашто се работи за вкупно 16 милијарди денари. Логично е најмалку еднаш во годината да има ребаланс. Лани тоа беше при крајот на јули, но годинава тоа ќе биде проблем зашто ќе се распишат локалните избори и затоа ќе биде најверојатно на крајот на јуни- изјави Мицкоски.

Тој дека треба да се направи анализа пред да се испрати предлог за ребаланс на буџетот пред пратениците.

– Важно е дека владините мерки даваат резултати, имаме дефлација два месеца по ред, раст на индустриското производство во првиот квартал единствени во регионот и едни од ретките во Европа, имаме позитивна бројка во делот на извозот во првото тромесечје, очекувам резултат што ќе ги натфрли проекциите на меѓународните институции во делот на растот на БДП. Има неколку параметри кои дават јасна слика на траекторијата во која макроекономски треба да се движиме и тие ќе бидат опфатени во ребалансот – истакна Мицкоски.

 

Поврзани содржини