Локалните избори ќе се распишат на крајот на јули или на почетокот на август
Според изборниот законик редовните избори за членови на советите и за градоначалник се одржуваат секоја четврта година истовремено во сите општини, најрано 90 дена, а најдоцна 70 дена пред истекот на четиригодишниот мандат.
Собранието локалните избори ќе ги распише на крај на јули или почетокот на август, информира денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Според изборниот законик редовните избори за членови на советите и за градоначалник се одржуваат секоја четврта година истовремено во сите општини, најрано 90 дена, а најдоцна 70 дена пред истекот на четиригодишниот мандат.
„Од денот на распишувањето на изборите до денот на одржувањето на изборите не може да помине повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена“, се пропишува во Изборниот законик.
Изборите треба да се одржат во првата половина на октомври. Како оптимален датум за првиот круг на локланите избори се најавува 17 октомври а последен можен датум за избори е 31 октомври.