ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ БИДАТ ВО ЗНАК НА НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ Вкупно 32 собрале потписи, а 33 имаат рок до 30 август

Рокот за поднесување на листите е 11 септември, а локалните избори ќе се одржат на 17 октомври. 

379
За три дена, на 30 август на полноќ истекува рокот за собирање на потписи на независните кандидати за градоначалници и советнички листи. До средата вечер, според Државната изборна комисија, 32 независни кандидати за градоначалници во повеќе општини и советнички листи собрале потписи, а уште 33 собираат потписи.





Во тек е постапката за јавен увид во Избирачкиот список која ќе трае до 9 септември 2021 година.
-Заклучно со вчерашниот ден вкупно 3910 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се девет барања за запишување во Избирачкиот список, 12 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и три барања за измена на податоците во Избирачкиот список, а до Државната изборна комисија, на е-маил адресата [email protected]  се поднесени вкупно 14 барања.
Партиите продолжуваат да ги објавуваат имињата на нивните кандидати за градоначалници. Потписи за градоначалничка кандидатура за Скопје денеска собира и Данела Арсовска.

Рокот за поднесување на листите е 11 септември, а локалните избори ќе се одржат на 17 октомври.

Поврзани содржини