ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Досега поднесени се девет приговори за заштита на личното избирачко право и истите се прифатени.

220

Во попладневните часови се зголемува процентот на излезност на гласањето на денешниот втор круг за градоначалник на Дебар.

Според Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија до 15 часот правото на глас го оствариле 29 отсто од вкупниот број запишани во единствениот избирачки список, што е за четири проценти повеќе од првиот изборен круг.






– Од вкупно запишаните 19.211 гласачи правото го оставриле 5.561 граѓани или 29 отсто, што е четири проценти повеќе споредено со првиот круг. Тогаш до 15 часот правото на глас го остварија 4.784 или 25 отсто – изјави Хаса за МИА.

Досега поднесени се девет приговори за заштита на личното избирачко право и истите се прифатени.

Според него членови на ОИК вршат редовно обиколки на избирачките места со цел увид во работата на избирачките одбори.

Поврзани содржини