ЛОКАЛИЗИРАН ПОЖАРОТ ШТО ИЗБУВНА КАЈ ФАБРИКАТА ЗА МЕБЕЛ ВО ШТИП Чад се рашири низ градот

Мештаните кои беа во паника велат дека пожарот во правец од старите бараки кон нивните куќи го забележале во 16.15 часот. Тие реагираат дека секоја година овие бараки и околу нив се пали и ги доведува во опасност и куќите, но и објектите околу нив, во непосредна близина е и приватна болница, зградата на Факултети на УГД-Штип.

148

Се запали сува трева околу старите бараки на поранешното Градежно претпријатие „Бетон“ – Штип, а од нив огнот се прошири во дворот на фабриката за мебел и во правец кон првите куќи на населбата Пребег, непосредно на влезот во градот.

Жителите на оваа населба со лопати, но и со градежна механизација спречија огнот да дојде на неколку метри. Пожарникарите веднаш излезгле на терен, а месното население им помагаше при гаснењето на пожарот.






Мештаните кои беа во паника велат дека пожарот во правец од старите бараки кон нивните куќи го забележале во 16.15 часот. Тие реагираат дека секоја година овие бараки и околу нив се пали и ги доведува во опасност и куќите, но и објектите околу нив, во непосредна близина е и приватна болница, зградата на Факултети на УГД-Штип.

Пожарот е ставен под контрола.

Исто така, полициски воздухоплов од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици и денеска продолжи да дејствува на пожарот што избувна на планината Серта, меѓу штипските села Драгоево и Селце, информираат од МВР.

При дејствувањето, како што појаснуваат, во 26 налета се исфрлени 39 тони вода. Од МВР велат дека пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење. 

Поврзани содржини