ЛОКАЛИЗИРАН ПОЖАРОТ КАЈ ЛОЗОВО Трите ер-трактори и двата полициски хеликоптери на висина на задачата

Хеликоптерите Ми-171 и Бел 412 заедно направија околу дваесетина прелети, во кои беа исфрлени повеќе од 35 тони вода. Акцијата траеше неполни три часа до потполно гасење на пожарот, со што беше спречен пожар од поголеми размери, соопштија од МВР.

75

Голем пожар и во борова шума изби кај месноста Кишински Рид во Општина Лозово. Поради тешко пристапниот терен и опасноста од ширење на пламените јазици активирани се трите ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување и два хеликоптери на МВР.

– Пожарот во месноста Кишински Рид во атарот на селото Дурфулија, Општина Лозово е локализиран и очекуваме набргу да биде изгаснат. Трите ер-трактори на ДЗС и двата полициски хеликоптера престанаа со дејство – објави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кој е на терен.






Тој изрази голема благодарност до храбрите пилоти како и до пожарникарите од ТППЕ Свети Николе и ТППЕ Велес како и Доброволното ПП друштво од Свети Николе и Национални Шуми, кои остануваат на терен за догаснување на остатоците од пожар.

По известувањето од страна на Центарот за управување со кризи, хеликоптерите од Одделот за воздухопловни единици го локализирала пожарот, што бил затекнат во рана фаза.

– Хеликоптерите Ми-171 и Бел 412 заедно направија околу дваесетина прелети, во кои беа исфрлени повеќе од 35 тони вода. Акцијата траеше неполни три часа до потполно гасење на пожарот, со што беше спречен пожар од поголеми размери, соопштија од МВР.

 

Поврзани содржини