ЛОИ во Токио неизвесни и во 2021 година

Мислам дека никој не може со сигурност да каже дали коронавирусот може да се стави под контрола. Сè уште не можеме да дадеме јасен одговор - рече Муто.

361

Извршниот директор на организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, Тоширо Муто, истакна дека пандемијата на коронавирус може да го задржи одржувањето на настанот и во 2021 година.

– Мислам дека никој не може со сигурност да каже дали коронавирусот може да се стави под контрола. Сè уште не можеме да дадеме јасен одговор – рече Муто.






Тој наведе дека како организатори не размислуваат за алтернативни планови.

– Мораме во целост да се фокусираме на подготовка и решавање на тековните проблеми. Човештвото мора да го примени сето свое знаење за да ја победи оваа болест – додаде Муто.

Летните олимписки игри требаше да се одржат годинава, но поради корона-кризата се одложени за 2021 година, од 23 јули во 8 август.

Поврзани содржини