ЛОГА СЕ ЗАКАНИЛ СО ОСТАВКА АКО НЕ ПРОЈДЕ ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА? Министерот за правда демонстративно ја напуштил владината седница
На денешната седница, според информациите на ТВ 24, иако била отворена дебата, сепак законот не бил усвоен и бил пратен повторно на доработка.
Министерот за правда, Кренар Лога се заканил со оставка, велат за ТВ 24 владини извори, откако законот со кој министерот најавува намалување на затворениците во затворите повторно извиси на Влада.
На денешната седница, според информациите на ТВ 24, иако била отворена дебата, сепак законот не бил усвоен и бил пратен повторно на доработка.
Пред две недели Лога сам не го предложи законот да го доработи, денеска Владата му констатира дека треба да се доработи. Од владата официјално за ТВ 24 велат дека процедурата е редовна. Од Министерството за правда молк, а молчи и министерот за правда Лога.
Но, неговите коалициски партнери се гласни и денеска повторуваат дека за законот амнестија нема коалициски и политички договор.