ЛОГА МУ ОДГОВОРИ НА МИЦКОСКИ Знаеш дека Законот за амнестија нема да има европско знаменце

1,163

Неосновани се тврдењата на претстедалот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Законот за амнестија ќе се носи во скратена процедура со европско знаменце. Министерот за правда Кренар Лога уште од првиот ден, а исто така и на брифингот со медиуми кој се одржа минатата недела јасно кажа дека овој закон нема да се носи со европско знаменце и дека лично тој е против можноста од злоупотреба на европското знаме за носење на закони, соопшти Министерството за правда.

„ВМРО-ДПМНЕ да не зазема став на празно, кога се информирани уште од првиот ден за сите детали. Законот за амнестија е ист како оној од 2018 година, со истите кривични дела за кои не е предвидена амнестија. Тој закон беше потпишан и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да сака ВМРО-ДПМНЕ да амнестира свои поранешни избрани и именувани лица, таков закон нема  да има“, се наведува во соопштението.






Оттаму велат дека во однос на најавите за напуштање на Парламентот и напуштање на мандатите од страна на пратниците на ВМРО ДПМНе, тоа е добредојдена вест за граѓаните на нашата држава.

„Немањето став за битни прашања и политиките на блокада подобро се изразуваат со напуштање на Собранието и тоа е гест за поздравување од наша страна“, соопшти Министерството за правда.

Поврзани содржини