„ЛОБИСТИ НА СРПСКИОТ СВЕТ СЕ СИНОТ И СЕМЕЈСТВОТО НА АХМЕТИ“ Меџити вели дека сега е јасно зошто Османи бил 11 пати во Белград, а ниеднаш во Приштина

1,016

Али Ахмети зборува за сѐ и сешто, но ништо за една теза што цела година ја крева на највисоко ниво, за „српскиот свет“, рече вчера Изет Меџити, лидер на Демократското движење и кандидат за градоначалник на Чаир од Коалицијата Вреди.

– Тука ја гледам и нервозата на Ахмети, бидејќи на крај испадна дека поврзаноста и лобисти на српскиот свет не е никој друг, туку неговиот син и неговото семејство. Тоа што сакам да потенцирам е дека, веќе не се работи за случајност, туку за стратегија. Од 80 општини во Македонија, Дака Давивдовиќ ја избра Тетово, каде што раководеше ДУИ. Казината кои потекнуваат од „српскиот свет“ дојдоа преку Артан Груби, брзите кредити од Радојќиќ, којшто беше избркан од Косово, го вдоми министерот за финансии од ДУИ. Од ова е јасно зошто Бујар Османи како министер за надворешени работи имаше просрпски ставови за Митровица во Косово, зошто 11 пати отиде во Белград и ниту еднаш во Приштина. И тоа јасно покажува зошто Ахмети беше нервозен – изјави Меџити.






Тој порача дека гласачите на 19 октомври ќе знаат што да одговорат.

– Повторно 107.000 гласачи Албанци, кои не гласале за Ахмети, се обвинуваат и се опишуваат со грди зборови, но тие ќе знаат да одговорат на 19 октомври. Ова кажува за нервозата во редовите на Ахмети, семејството на Ахмети и неговите членови. Ги плаши одговорот од народот. Не е првпат. Ахемти ги пцуеше и во минатото, ги обвини тешко и тетовци. Ова не му е прв ваков испад, но тоа кажува за нервозата во нивните редови – изјави Меџити, одговарајќи на новинарски прашања вчера на прес-конференција за претставување на својата кампања како кандидат за градоначалник на Чаир на претстојните локални избори.

 

Поврзани содржини