📷 ЛИЗГАВИОТ МАГЛИВ ПАТ ИМ ГО ПОМАТИЛ ПЛАНОТ НА КИДНАПЕРИТЕ НА КАЈМАКОСКИ Продолжиле право наместо да свртат и удриле во банкина

Белото „Волво“ било пронајдено на автопатот кај излезот за Рума, со јасни траги од сообраќајна несреќа. Полицијата го затекнала пејачот врзан во возилото, во шок. Киднаперите сè уште се во бегство. Потрагата е интензивна.

396

Густа магла и лизгавиот асфалт ги дезориентирале киднаперите на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски во Белград и помогнале да се стави крај на драматично бегство во ноќта. Извор од истрагата наведува дека наместо планираното свртување киднаперите продолжиле право по што излетале од патот и удриле во банкина на патот.

– Токму оваа низа околности довело до прекин на нивната понатамошна намера – вели изворот.






Претходно, киднаперите, со Кајмакоски во автомобилот, поминале низ две наплатни рампи, во Шимановци и во Рума.

Истрагата продолжува. Полицијата ги испитува сите движења пред инцидентот и траекторијата на бегството.

Според досегашните сознанија, двајцата странци го пресретнале Кајмакоски ноќта меѓу саботата и неделата, по негов настап во барот „Лафајет“ во „Бетон Хала“. Со закани со нож и пиштол му наредиле да влезе во неговото бело „волво“. Во возилото го врзале и му побарале 20.000 евра. Пари не добиле.

– Патрола на сообраќајната полиција во Белград се обиде да ги запре. Возачот не застана и притисна на гаста. Алармите се вклучија – се сеќава изворот.

Недолго потоа, член од придружбата на пејачот го пријавил како исчезнат. Започнала филмска потрага на полицијата со дронови, термокамери, возила и службени кучиња.

Белото „Волво“ било пронајдено на автопатот кај излезот за Рума, со јасни траги од сообраќајна несреќа. Полицијата го затекнала пејачот врзан во возилото, во шок.

Киднаперите сè уште се во бегство. Потрагата е интензивна. На социјалните мрежи се појави и фотографија од моментот на спасувањето, непосредно по пристигнувањето на полицијата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Поврзани содржини