ЛИВЕРПУЛ ОСТАНА СО ПРАЗНИ РАЦЕ Реал Мадрид е новиот европски првак по 14. пат (ВИДЕО)
Казната за „црвените“ стигна во 59. минута, откако Винисиус Жуниор доби одлична топка во казнениот простор на голманот Алисон Бекер и без мака ја затресе мрежата на премиерлигашот за водство од 1-0.
Шпанскиот шампион Реал Мадрид ја потврди доминацијата во Лигата на шампиони, откако го совлада Ливерпул со 1-0 и го освои осмиот трофеј во осмото финале во елитното натпреварување по сезоната 1992/93 (има вкупно 14 титули).
Белгискиот голман Тибо Куртоа имаше многу работа на стартот на натпреварот, а прво го тестираше Мохамед Салах, кој испрати еден незгоден удар, но тој успеа да ја зачува својата мрежа. Неколку минути подоцна се закани и Садио Мане, а чуварот на мрежата повторно беше на висина на задачата.
Во завршницата од првото полувреме се случи спорна ситуација, кога на Карим Бензема му беше поништен гол, откако претходно со топката играше Фабињо од Ливерпул.
Казната за „црвените“ стигна во 59. минута, откако Винисиус Жуниор доби одлична топка во казнениот простор на голманот Алисон Бекер и без мака ја затресе мрежата на премиерлигашот за водство од 1-0.
Ливерпул тргна во завршен напад во последниот половина час од средбата, па се закани уште неколку пати, а Салах не можеше да пронајде решение за расположениот Куртоа, кој запиша уште две фантастични одбрани до крајот на мечот.
Тренерот на шпанскиот фудбалски гигант, Карло Анчелоти ја освои Лигата на шампионите како менаџер по рекорден четврти пат. Италијанецот ги надмина Зинедин Зидан и Боб Пејсли.
Вкупно, Анчелоти има 5 финалиња во Лигата на шампионите во својата тренерска кариера: три со Милан и две со Реал Мадрид. Загуби само еднаш, во сезоната 2004/05. Претходно освои трофеи во 2003, 2007 и 2014 година.
Финалето започна со повеќе од половина час доцнење. Почетокот на натпреварот мораше да се одложува три пати. Според прес-службата на УЕФА, почетокот на финалето на Лигата на шампионите е одложен „поради безбедносни проблеми“. Како што се испостави, многу навивачи не можеа навреме да стигнат до стадионот. Имаше информации и дека некои навивачи упаднале во арената без билети. Полицијата употреби солзавец врз навивачите, што само доведе до поголем немир.
Beautiful pass by Valverde & tap in by vinicius jr to make to
1-0 for real madrid
In UCL Final.
HALA MADRID 👍👍#Liverpool #LiverpoolRealMadrid #uclhindi #UCLfinal pic.twitter.com/8mUZGe0JM0
— SamNews (@Samnews101) May 28, 2022