Ливерпул не победи дома за прв пат од јануари 2019 година
Домаќините го отворија резултатот во 34. минута преку Ендру Робертс, Барнли изедначи со голот на Џеј Родригез.
Новиот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, попладнево одигра нерешено со Барнли 1:1 на свој терен во натпревар од 35. премиерлигашко коло. Средбата се одржа на стадионот „Енфилд“. Ливерпул остана без трите бода на свој терен, за прв пат по јануари 2019 година.
Домаќините го отворија резултатот во 34. минута преку Ендру Робертс, Барнли изедначи со голот на Џеј Родригез.
Ливерпул со 93 бода е убедливо прв на табелата, Барнли е деветти со 50 бода.