ЛИТВАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ САКА „МОЛОТОВ КОКТЕЛ“ ЗА РУСИЈА За Науседа последните санкции за Москва се „само за загревање“

Навистина се надевам дека нашите колеги во ЕУ ќе разберат дека 17. пакет санкции беше само загревање. Мораме да го подготвиме 18-тиот пакет санкции што би наликувал на молотов коктел, изјави претседателот на Литавнија во врска со новите ограничувања на ЕУ за таканареченета флота во сенка на Русија.

358

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа денеска се заложи за построги санкции на Европска Унија против Русија.

Според него, рускиот претседател Владимир Путин го врти целиот свет против себе и навистина заслужува многу построги санкции од оние што се во сила во моментов.






– Навистина се надевам дека нашите колеги во ЕУ ќе разберат дека 17-тиот пакет санкции беше само загревање. Мораме да го подготвиме 18-тиот пакет санкции што би наликувал на молотов коктел.

Литванија, која е членка на ЕУ и на НАТО, е еден од најгласните поддржувачи на Украина на меѓународна сцена.

ЕУ минатата недела го воведе 17. пакет санкции против Русија, меѓу кои и дополнителни ограничувања за така наречената флота во сенка, што Русија ја користи за транспорт на нафта и нафтени деривати.

Поврзани содржини