ЛИТВАНСКИОТ ПРЕМИЕР ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, ОБВИНЕТ Е ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ФУНКЦИЈАТА Земјата може да остане без влада кратко пред воените вежби на Русија и на Белорусија
Локалните медиуми почетокот на месецов ги објавија наодите од истрагата поврзана со минатото работење на литванскиот премиер и со сомнежите за злоупотреба. По тие откритија, случајот го презедоа и државните институции, кои покренаа официјални истраги. Во јавноста излегоа и информации дека Гунтаутас Палуцкас никогаш не ја платил поголемата сума од казната од 16.500 евра, изречена во врска со кривичен предмет од 2012 година.
Литванскиот премиер Гинтаутас Палуцкас денеска поднесе оставка по истрагата за неговото претходно работење, што предизвика граѓански протести на кои беше побарано да се повлече.
Литванскиот претседател Гитанас Науседа претпладнево соопшти за оставката на Палуцкас. Портпаролот на Палуцкас не одговори на барањето за коментар.
Палуцкас, лидер на Социјалдемократите, ја презеде функцијата кон крајот на минатата година кога беше формирана трипартиска коалиција по парламентарните избори во октомври.
Се очекува целиот негов кабинет да поднесе оставка, што би можело да ја остави земјата без ефективна влада неколку недели пред Русија да почне заеднички воени вежби со Белорусија. Малку е веројатно дека литванската надворешна политика ќе се промени поради реорганизацијата на владата.
Палуцкас ја злоупотребувал својата позиција
Локалните медиуми претходно месецов ги соопштија резултатите од истрагата за претходното работење на премиерот и за наводните злоупотреби. Потоа, истраги покренаа и надлежните државни институции. Медиумите открија и дека Палуцкас никогаш не платил поголем дел од казната од 16.500 евра, во врска со кривична постапка од 2012 година.
Палуцкас беше осуден за лошо водење на процесот на лицитација за услуги за истребување стаорци во Вилнус додека беше директор на општинската администрација на главниот град. Судиите на највисокиот суд во земјата во 2012 година пресудија дека тој ја злоупотребил службената положба незаконски давајќи привилегии на компанија која понудила највисока цена. Исто така, беше осуден на 2 години затвор, но казната беше условно изречена на една година и на крајот не ја отслужи.
„Ова е координиран напад од противниците“
Лидерот на Социјалдемократската партија негираше било какви незаконски дејства во врска со неговите претходни работи, нарекувајќи ги критиките дел од „координиран напад“ од политичките противници.
Тој поднесе оставка пред да може опозицијата формално да покрене постапка за отповикување. Се очекува наскоро да почнат нови коалициски преговори за формирање нова влада.