ЛИТВАНИЈА И ЛАТВИЈА ЗАБРАНИЛЕ ПРЕЛЕТ НА ВУЧИЌ ДО МОСКВА Причина е „дипломатската чувствителност“
Литванија и Латвија официјално го забранија летот на авионот од Србија до Москва на 9 мај, во кој требаше да биде и српскиот претседател Александар Вучиќ, пишуваат српските медиуми.
Литванија изјави дека причината за забраната е од техничка природа, но и поради „дипломатска чувствителност“.
Поради, како што наведуваат, „политичка чувствителност за целта на летот“, латвиските власти го забранија прелетувањето на српскиот авион.
Министерството за надворешни работи на Полска денеска објави дека Варшава дозволила авионот со словачкиот премиер Роберт Фицо да прелета над нејзина територија на рутата кон Русија, каде што треба да присуствува на прославите на Денот на победата.
Сепак, полското Министерство изрази критички став кон учеството на словачкиот премиер на прославата по повод крајот на Втората светска војна, која ја организираше Москва.