(ВО ЖИВО) ЗАЕДНИЧКАТА ЛИТУРГИЈА ЗАПОЧНА Ќе биде ли обзнаен томосот за автокефалност?

845

Заедничката литургијата меѓу МПЦ-ОА и СПЦ, сестринските цркви кои неодамна стапија во канонско единство започна во Соборниот храм во Скопје. Настанот може да биде проследен на линкот на МТВ. Присутни се патријархот Порфириј, архиепископот г.г. Стефан, свештени лица од МПЦ и од СПЦ. С

Денес се очекува денеска да биде обзнаено писмото кое треба да биде пратено во Вартоломеј во Цариград со кое СПЦ официјално ќе побара автокефалност за МПЦ. Пред и внатре во Соборниот храм можат да се видат насобрани верници. Атмосферата е свечена, а за тоа придонесува и фактот дека денеска е денот на словенските просветители, солунските браќа Кирил и Методиј.






Еве како тоа изгледа во слики.

 

На оваа посета на поглаварот на СПЦ Порфириј ѝ претходеше заедничката архијерејска литургија на помирување што се одржа на 19 мај во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, а со која чиноначалствуваа патријархот Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Со литургијата беше потврдено надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и возобновувањето на канонското и евхаристиското општење.

Претходно денес во Белград заврши редовниот мајски Собор на Српската православна црква, на кој на МПЦ-ОА и беше потврден статусот на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година, по што беше одржана заедничка литургија на владици на СПЦ и МПЦ-ОА, со што се воспостави литургиско и канонско општење на двете сестрински цркви.

 

 

 

Поврзани содржини