ЛИСТИТЕ НА ЧЕКАЊЕ ВО ГРАДИНКИТЕ ЌЕ СТАНАТ МИНАТО Се градат 11 нови објекти, а 15 се реконструираат и модернизираат
По завршување на објектите капацитетот на градинките ќе се зголеми за 2.600 места.
Околу 15 објекти на детски градинки се адаптираат, реконструираат, модернизираат, а уште 11 објекти се градат со што можам да кажа дека листите на чекање во градинките ќе се намалат за 2.600 места, изјави премиерот Христијан Мицкоски запрашан што презема владата да го ублажи проблемот со чекање во градинките.
-Тоа беше еден од основните проекти коишто почнавме да го работиме уште од самиот почеток, уште практично, после големата победа на локалните избори во 2021 година, е кога си земавме за цел дека онаму каде што има листи на чекање, да нема повеќе листи на чекање. Тоа најчесто беше пример во Скопје и во неколку поголеми урбани средини и чекор по чекор тој процес се завршуваше. Она што можам да го кажам е дека во моментот околу 15 објекта се адаптираат, реконструираат, модернизираат, коишто би прифатиле околу 1500 деца, мислам дека 1461 точно, е капацитетот – рече Мицкоски.
Тој додаде дека уште 11 се нови објекти коишто се градат за негде околу 1100 дечиња.
-Кога сето ова ќе се затвори, листите на чекање мислам дека ќе бидат веќе минато или би биле многу мали или незначителни – рече Мицкоски.