ЛИСТЕРИЈА ПОВТОРНО НАЈДЕНА ВО МЕСЕН ПРОИЗВОД ВО ХРВАТСКА Производот се повлекува од продажба
Станува збор за печеница произведена од хрватскиот производител ŽITO d.o.o. од Осиек, лот број 24-00807.
Хрватскиот инспекторат повлече печеница на парчиња „Добро“ од 90 грама, со рок на траење од 03.08.2024 година, бидејќи содржи бактерија листерија моноцитогенес.
Станува збор за печеница произведена од хрватскиот производител ŽITO d.o.o. од Осиек, лот број 24-00807, а трговец на мало е Конзум.
Производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) од 15 ноември 2005 година за микробиолошки критериуми за храна, а известувањето се однесува исклучиво на наведениот производ, се наведува во соопштението.