📽 ЛИСИЦИ СЕ ПОЈАВИЈА НОЌЕ ВО КОЗЛЕ Жителите на улицата Ловќенска се загрижени
Појавата на животни во градските населби не е новост за скопјани.
„Првпат видовме една лисица пред неколку дена, но сега се појавуваат по неколку одеднаш. Стравуваме за безбедноста на децата и на милениците“.
Вака за 24инфо вели еден загрижен жител на скопската населба Козле откако лисици се појавија на улицата Ловќенска во близина на домовите. Жителите се жалат дека лисиците напаѓаат миленици и бараат реакција од надлежните.
Појавата на животни во градските населби не е новост за скопјани.
Додека се чека летото, најмалку две вести за змии одекнаа во регионот. На 10 јуни змија влезе во собранието на Босна и Херцеговина што ја прекина работата на пратениците. Змија беше снимена на улица во населбата Дорчол во Белград претходно во јуни.