ЛИСИЧЕ ЌЕ ДОБИЕ 2 ПАРКА И ПОМАЛКУ ЗГРАДИ Третата верзија на ДУП-от носи зеленило на 3.000 квадрати

558

Новиот Детален урбанистички план за дел од населбата Лисиче, скроен по барање на граѓаните, наместо бетонизација, како што тврдеа политичките партии, ќе донесе хумана урбанизација, најавуваат од Општина Аеродром.

Два нови парка и за скоро за 90% намалување на станбените површини предвидува последната верзија на планот за кој Општина Аеродром веќе објави повик за спроведување јавна анкета.






По втората верзија која предвидуваше изведба на еден парк, третата верзија предвидува уште една зелена површина на повеќе од 3.000 квадратни метри.

Во третата верзија се прават и дополнителни интервенции со намалување на бројот на станбени објекти. Во втората верзија на Деталниот урбанистички план веќе првично беше намален бројот на проектирани улици, што беше едно од клучните барања на граѓаните.

По завршување на третата анкета и по разгледување на забелешките доставени од граѓаните, Општина Аеродром ќе го достави урбанистичкиот план на мислење до сите засегнати државни институции. Неофицијално, според информациите од Општина Аеродром, досега ниту една државна институција не доставила каква било забелешка по конкретниот план.

Од Аеродром велат дека работат транспарентно, а барањата на граѓаните се во прв план. Тие додаваат дека Лисиче ќе биде модерна населба, каде ќе се изведуваат паркови и зелени површини.

 

Поврзани содржини