ЛИСИЧАРКА, ЗА ЗДРАВЈЕ НА СРЦЕТО, КОСКИТЕ И МОЗОКОТ Оваа жителка на чистите шуми е богата со калиум и калциум
Овие жолти чадорчиња спаѓаат меѓу најквалитетните печурки во светот. Чуварката на здравјето, лисичарката е природен извор на антибиотици и многу витамини.
Лисичарката содржи осум есенцијални амино киселини, протеини, ензими, полисахариди, провитамин А, витамини Б комплекс, Д2 и Ц, а освен тоа е и нискокалорична и 90% од нејзиниот состав е вода. Затоа е омилена меѓу луѓето кои внимаваат на линијата.
Во 100 грама лисичарка има само 12 килокалории.
Жителка на чистите шуми таа е богата со калиум кој е важен за варењето и за срцето, но и со калциум кој е клучен за здрави коски.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.