ЛИСИЦА СЕ ШЕТА НИЗ СРПСКА БОЛНИЦА Неколку денови ги вознемирува пациентите и им ја јаде храната
Една животно утрово е фатено со стапица - кафез, а потоа е ослободено во дивината,
Лисица неколку дена се шеташе по одделенијата во болницата во Чачак. Утрово е фатена со стапица – кафез, а потоа е ослободена во дивината, пишуваат медиумите во Србија.
Според медиумите, кои објавија слика од лисицата како ја јаде храната на пациентите на интерното одделение, лисицата веќе неколку денови ги вознемирува пациентите и им ја јаде храната и покрај поставените стапици од страна на јавното претпријатие за чистота.
Вработен во градскорто претприајтие за чистота изјави дека едно животно е фатено синоќа на стапицата и дека е пуштено во дивината утрово околу 7.30 часот.
– Стапицата ја оставиме бидејќи се сомневаме дека има повеќе лисици – изјави тој.