ЛИПКОВО И АРАЧИНОВО ИМААТ ПОМАЛКУ ЗАГУБИ НА СТРУЈА ОД СКОПЈЕ Етничкиот фактор не е пресуден, тврди ЕСМ

Загубите се проблем во цела Македонија, а во Скопје особено. Скопје е регион со највисок процент на загуба. Тетово, пак, има помали загуби од Битола. Тоа зависи од многу фактори, политички, економски и други, но не е поврзано етнички, како што беше прикажувано, тврди менаџерот на Електродистрибуција Сашо Салтировски.

364

„Не е точно дека загубите на електрична енергија во мрежата се поврзани со етничката припадност на населението. Липково ќе биде прва општина во земјава целосно покриена со смарт броила за електрична енергија и со загуби од 10 проценти, а Скопје е регион со највисоки загуби од 20 проценти“, оцени денеска менаџерот на Електродистрибуција Сашо Салтировски.

– Во Арачиново броилата се надвор на улица. Арачиново има загуби од 10 проценти, тоа е на ниво на технички загуби и се едни од најниските на ниво на цела Македонија. Во Слупчане проектот оди глатко и веќе се привршува, така што општина Липково ќе биде првата општина во Македонија целосно покриена со смарт броила и цела општина со загуби под 10 проценти – објасни Салтировски, во одговор на новинарско прашање, при денешната посета на министерот за економија Крешник Бектеши на подружницата на ЕВН Македонија во Бутел, заедно со директорот на Бирото за метрологија, Абдуљ Сељам Селами.






ЕВН во Липково работи на загубите на енергија повеќе од десеттина години, а работи и на многу други места, како што се  Грчец, Батинци, но почнува проекти и во Драчево и во Лисиче.

– Загубите се проблем на ниво скоро на цела територија на Македонија, а за Скопје особено. Скопје е регион со највисок процент на загуба. Тетово има помали загуби од Битола. Така што, тоа не е секогаш поврзано етнички, туку зависи од многу други фактори, дали се политички, економски и други. На пример, Кичево и Струга имаат мали загуби, а 20 проценти се во цело Скопје. И каде и да одите во Скопје, дали сте во Лисиче, дали сте во Драчево, особено во руралниот дел каде што нема колективни згради, секаде има загуби. Тоа е вистината – категоричен е Салтировски.

Поврзани содржини