Лион: Францускиот фудбал оди во погрешна насока
Лион инсистира на тоа дека е можно да се дозволи првенството да заврши во август, во, на пример, плеј-оф систем.
Фудбалскиот клуб Лион ја критикуваше одлуката за прекинување на сезоната во Лига 1.
„Олимпик Лион сè уште смета дека францускиот фудбал оди во погрешна насока“, се вели во соопштението на клубот.
Сезоната во Франција е прогласена за завршена поради пандемијата од коронавирусот и нема да има поголеми спортски настани во таа земја до септември.
Шампион е Пари Сен Жермен.
Лион инсистира на тоа дека е можно да се дозволи првенството да заврши во август, во, на пример, плеј-оф систем.
– Се разбира, под услов да се почитуваат инструкциите дадени од владата, изјавија од Лион.