🎥 ЛИНДЗИ ВОН ЈА ИЗМИ КОСАТА И ПОЧНА ДА ЈАДЕ Скијачката се врати во Америка

На 8 февруари, Вон тешко се повреди за време на спустот на Зимските олимписки игри 2026 во Италија. Четириесет и едногодишната скијачка скрши нога и беше подложена на четири операции. 

556

Карин Килдоу, сестрата на американската алпска скијачка Линдзи Вон, вчера изјави дека атлетичарката напредува во закрепнувањето од повредата на Олимписките игри во 2026 година и се подготвува да се врати дома во Соединетите Американски Држави.

Вон сподели видео на кое се гледа како пријателки ѝ ја мијат косата, почнува да јаде храна и се подготвува да ја напушти болницата.






Таа напиша на Фејсбук дека е благодарна на пријателите, семејството, тимот и на медицинскиот персонал што ја враќаат во нормала.

„Полека се враќам во живот, на основните и на малите нешта во животот кои многу значат“, напиша Вон.

Таа ѝ се заблагодари на сестра ѝ за снименото видео.

Вод денеска објави дека е невероајтно чувството повторно да биде дома иако не може да гази на нозете.

На 8 февруари, Вон тешко се повреди за време на спустот на Зимските олимписки игри 2026 во Италија. Четириесет и едногодишната скијачка скрши нога и беше подложена на четири операции.

– Беше тешко време, многу време во болница. Но, таа е супер силна, иако имаше многу операции. Работиме на тоа да ја вратиме во САД – изјави вчера Килдоу за „TMZ Sports“.

Сестрата на Вон одговори на критиките кон скијачката за тоа што пристигнала на Олимписките игри со повреда – Американката претрпе скинат преден вкрстен лигамент (ACL) на Светското првенство една недела пред Игрите.

– Секој ќе има свое мислење, но таа е силна и го направи тоа – додаде Килдоу.

Вон е олимписка шампионка во спуст во 2010 година, двократна светска шампионка и четирикратна шампионка на Светското првенство.

 

Поврзани содржини