Лимонка Арминовска: Големиот маестро за слатки со „кисело“ име
Нашата соговорничка е професорка по слаткарство во средното угостителско училиште „Лазар Танев“, а нејзиното специфично име често се споменува во професионалните гастрономски кругови, како и во контекст на многу гастрономски проекти и настани. Иако сѐ уште нема наполнето ниту 50 години, таа има веќе 30-годишно работно искуство. И не е чудно, ако се земе предвид дека понудата за својот прв работен ангажман го добила уште на матурската вечер.
Професорката по слаткарство, Лимонка Арминовска, најпрвин сакала да биде медицинар па го почнала средното образование во средното медицинско училиште кадешто две години учела општа медицина. Потоа, иако била одлична ученичка, се плашела дека поради големиот интерес за упис во медицинско таму ќе имаат предност децата од лекарските семејства, во третата година од тогашното насочено образование, во последен миг и, како што вели, без посебни афинитети за тоа, го продолжила образованието во средното угостителско училиште „Лазар Танев“.
Прочитајте го целиот текст на порталот „Арт кујна“.
Фото: Стефани Христов