ЛИМАНИ ЗА ГОСТИВАР, РАМАДАНИ ЗА САРАЈ Таравари сооопшти четворица кандидати за градоначалници
Носителите на листи сè уште не се познати, и тоа ќе се одлучува според Таравари на ниво на работни тела со другите партии од опозициската коалиција во албанскиот политички кампус.
Партијата Aлијанса за Албанците на Арбен Таравари вечерва одржа состанок во Тетово по кој информираа дека ќе имаат четворица кандидати за градоначалници.
За нови мандати како градоначалници ќе се борат актуелните Ваљбон Лимани за Гостивар и Исен Шабани за Врапчиште.
– За Општина Сарај кандидат ќе биде Блерант Рамадани, генерален секретар на партијата. За Теарце – Назим Таипи, кој е претседател на партиското собрание. Следуваат активности за промоција на кандидатите – истакна Арбен Таравари на прес-конференцијата по партискиот состанок.
Носителите на листи сè уште не се познати, и тоа ќе се одлучува според Таравари на ниво на работни тела со другите партии од опозициската коалиција во албанскиот политички кампус.