ЛИЛИБЕТ ГО ПРОСЛАВИ ПРВИОТ РОДЕНДЕН Меган и Хари објавиja фотографии од ќерката (ФОТО)

Фотографијата ја снимил семејниот пријател Мисан Хариман, пишуваат странските медиуми.

790

Војводата и војвотката од Сасекс објавија фотографија од нивната ќерка Лилибет откако го прославија нејзиниот прв роденден.

Првиот роденден на малото девојче го прославиле со членовите на семејството и блиските пријатели во Фрогмор Котиџ во саботата, а фотографијата ја направил семејниот пријател Мисан Хариман, пишуваат странските медиуми.






На фотографијата Лилибет „Лили“ Дијана Маунтбатен – Виндзор облечена во светло син фустан седи на тревата, а нејзината црвена коса веднаш ги потсети сите на нејзиниот татко, принцот Хари.

 

Клер Птак, која ја креираше свадбената торта на Хари Меган и Маркл во 2018 година, направила специјална торта за првиот роденден на Лилибет.

„Пејџ сикс“ пишува дека на забавата биле поканети принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и нивните три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, но не можеле да дојдат поради обврските поврзани со јубилејот на кралицата.

Лилибет минатата недела за првпат во живо ја виде својата прабаба, кралицата Елизабета Втора, по која го доби името.

Кралското семејство ѝго честиташе првиот роденден на внуката Лилибет на своите официјални профили на Твитер.

 

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини