Лилјакот го донесе коронавирусот, морскиот црв ќе го однесе?

Француските научници тврдат дека не постојат проблеми во компактибилноста помеѓу човечката крв и молекулите во крвта на овие црви долги од 10 до 15 сантиметри, кои живеат во песокот на плажите.

2,724

Пандемијата со коронавирусот започна од лилјак во кинескиот град Вухан, но спасот наводно лежи во морскиот црв кој живее на атлантските плажи во Бретања. Имено, француските научници веќе сериозно ја истражуваат можноста состојките во крвта на морскиот црв да претставуваат лек за човекот во борбата со ковид-19, а првото тестирање врз човечко тело ќе биде направено во текот на оваа недела.






Благодарение на состојките во крвта на морскиот црв, изработивме „транспортер на кислород“ низ човечката крв.

Франк Жал Раководител на лабораторијата „Хамерина“

Молекулите во крвта на морскиот црв апсорбираат 40 пати повеќе кислород од човечкиот хемоглобин, а тоа се смета за одлична можност да им се помогне на луѓето кои имаат големи тешкотии со дишењето.

Француските научници тврдат дека не постојат проблеми во компактибилноста помеѓу човечката крв и молекулите во крвта на овие црви долги од 10 до 15 сантиметри, кои живеат во песокот на плажите.

Благодарение на состојките во крвта на морскиот црв, лабораторијата „Хамерина“ изработила „транспортер на кислород“ низ човечката крв.

Како што пишуваат локалните медиуми, молекулите од крвта на морскиот црв директно ќе се вбризгуваат во крвта на луѓето, а сето ова му текнало на биологот Франк Жал кој раководи со лабораторијата и кој веќе изгубил двајца свои пријатели поради коронавирусот.

Во целата операција му помогнал и професорот Лоран Лантијери, шеф на одделението за пластична хирургија во париската болница „Жорж Помпиду“, кој веќе ги користел овие молекули кога пресадувал кожа на човечко лице.

Новата терапија, пишуваат локалните медиуми, ќе ја примат 10 доброволци во две париски болници, а Националната агенција за безбедност на лековите веќе дала согласност.

Поврзани содржини