📽️ ЛИКВИДИРАНИ АГЕНТИТЕ КОИ УБИЈА ПОЛКОВНИК СРЕДЕ КИЕВ Вороњич бил клучен за големата акција „Пајажина“

Украинската служба СБУ претходно ја идентификува Нармин Гулиева како осомничена, додека идентитетот на мажот останува непознат.

2,612

Украинските сили открија и елиминираа тајна група која според наредба од ФСБ на Русија, го ликвидирала полковникот на украинската служба за безбедност СБУ, Иван Вороњич, среде Киев, јави Укринформ. Според медиумот, во специјална операција што лично шефот на СБУ, Васиљ Маљук, биле фатени двајца руски агенти.

– Агентско-борбената група на ФСБ беше испратена однапред и пред три дена го убија нашиот другар, полковник Иван Вороњиќ – изјави Маљук.






Медиумите пишуваат за ликвидирањето на Вороњич кој беше погоден со пет куршуми пред зградата во Холосиевски среде Киев. На социјалните мрежи се појави и снимка од убиството. Убиецот со фантомка чекал во заседа, а жената-соработник успеала да избега.

Украинската служба СБУ претходно ја идентификува Нармин Гулиева како осомничена, додека идентитетот на мажот останува непознат.

– Врз основа на спроведените тајни извидувања и контраразузнавачки мерки, непријателското гнездо било откриено. За време на апсењето се случи престрелка и агентите беа ликвидирани. Би сакал да потсетам дека единствената перспектива за непријателот на територијата на Украина е смртта – нагласи Маљук, шефот на СБУ.

Кој беше Вороњич и зошто им беше важен на Украинците? Украинските медиуми наведуваат дека Вороњич бил клучен оперативец во специјалните мисии против руската воена машинерија, што предизвикало одмазда по спектакуларната операција „Пајажина“ од јуни, кога со неколку напади со дронови длабоко на територијата на Русија беа уништени руски авиони вредни 5,2 милијарди фунти.

„Пајажина“ беше акција планирана 18 месеци од страна на украинските служби и предводена од актуелниот шеф на СБУ, Маљук.

По убиството на Вороњич, руски и проруски канали тврдеа дека Кремљ на ваков начин одговара на акцијата на Украина.

 

Поврзани содржини