ЛИКЕР ОД МАСЛИНКИ?! После ликерот од копар, зарем има уште изненадувања?
Кај нас дома редовно се правеа вишновка, ореовка, понекогаш оној ликер од сите можни овошја кои се додаваа внатре како кое ќе се појавеше, а потоа почнав да се запознавам со уште многу нови и сѐ понеобични и понеобични ликери. Ама сепак, ликер од маслинки?! Беше тоа вистинско изненадување
Сигурно сте пробале досега разни ракии и ликери приготвени од нашите домаќини и домаќинки, но и многу други кои сте ги откривале на вашите патувања или преку други луѓе.
Кога пред неколку години заедно со Слоу фуд Македонија бевме дел од Тера Мадре во Торино (настан кој беше лансиран во 2004 година како глобален собир на производители на храна од целиот свет и стана средство за развој и примена на филозофијата на Слоу Фуд ширум светот), купив ликер од копар. Не можев да одолеам бидејќи копарот е еден од моите омилени зачини, а кога го отворив, ги оправда очекувањата, па продолжив да пробувам најразлични ликери секаде каде што ќе ми ги понудеа.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.