ЛИФТОВИТЕ ВО „ЏЕВАХИР“ БИЛЕ ИСКЛУЧЕНИ САМО 10 МИНУТИ Фирмата управител демантира дека станарите пешачеле до 40. кат

445

Друштво за трговија и услуги СЕ КЛУБ ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИС ДОО Скопје категорично и целосно го отфрла како невистинит насловот дека станарите на комплексот „Џевахир Скај Сити“ до 40. кат се качувале без лифт, како и дел од  содржината на веста кој се однесува на начинот на работењето и одговорноста за исклучувањето на електричната енергија во кула А и кула Б во комплексот „Џевхаир Скај Сити“.

Фирмата укажува дека лифтовите во кулите не биле во функција само околу 10 минути, поради проблем од техничка природа, кон чиешто решавање е постапено веднаш, повикан е овластен сервисер и лифтовите се повторно ставени во функција за накраток можен период. СЕ КЛУБ ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИС ДОО Скопје најостро демантира дека   светлото во заедничките простории (влезови и ходници) било исклучено поради неподмирени обврски и сметки кон ЕВН.






Демантот го пренесуваме во целост:

Почитувани,

Друштво за трговија и услуги СЕ КЛУБ ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИС ДОО Скопје, преку сопствениците и управителите, а се со цел точно, транспарентно и целосно информирање на јавноста Ви го испраќа следното соопштение во кое е вклучен демант кој се однесува на објавената вест на 15.11.2022 година, за кулите Џевахир кои останале без струја :

ДЕМАНТ

Друштво за трговија и услуги СЕ КЛУБ ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИС ДОО Скопје  преку својот полномошник Адвокат Мери Васоска од Скопје, категорично и целосно го отфрла како невистинит насловот дека станарите на комплексот „Џевахир Скај Сити“ до 40 кат се качувале без лифт, како и дел од  содржината  на веста кој се однесува на начинот на работењето и одговорноста за исклучувањето на електричната енергија во  кула А и кула Б во комплексот „Џевхаир Скај Сити“.

СЕ КЛУБ ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИС ДОО Скопје најнапред укажува дека лифтовите во кулите не биле во функција околу 10 минути, поради проблем од техничка природа, кон чиешто решавање е постапено веднаш, повикан е овластен сервисер и лифтовите се повторно ставени во функција за накраток можен период.  Понатаму, СЕ КЛУБ ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИС ДОО Скопје, најостро демантира дека   светлото во заедничките простории (влезови и ходници) било исклучено поради неподмирени обврски и сметки кон ЕВН. Осветлување во заедничките простории имаше и има постојано, со оглед на тоа што  се подмирени сметките од страна на СЕ КЛУБ ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИС ДОО Скопје за кои како управител, согласно чл. 19 ст.2 од Законот за домување, е задолжен истиот.

Во продолжение, би сакале да појасниме дека долгот во вредност од 6.000.000,00 денари кон ЕВН постои, меѓутоа, истиот се однесува на потрошена електрична енергија за греење, ладење и топла вода во посебните делови (становите) во кула А и кула Б односно за ВРВ системот, а не за заедничките простории. Во Кула А и Кула Б е инсталиран централизиран систем за греење и ладење, и топла вода до сите станови, чијашто потрошувачка се исчитува од само едно заедничко борило за секоја кула одделно. Поради ова, изрично ги отфрламе  невистините дека станарите уредно ги подмириле сметките, а проблемот и главниот виновник е управителот  СЕ КЛУБ ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИС ДОО Скопје. Имено, огромен е бројот на станари кои нередовно ги подмируваат своите сметки, и редовно вложуваат приговори за сметките за потрошена електрична енергија, од 07.2022 година до ден денес, од кога и на сила стапи Одлуката за одобрување на регулираниот максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија на потрошувачи кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, поради кои, за жал, во оваа ситуација се оштетени и дел од станарите кои редовно ги подмируваат своите сметки. Напротив, СЕ КЛУБ ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИС ДОО Скопје, како управител и во интерес на станарите, ги вложи сите напори и одржа состаноци и преговори со надлежните институции и тоа со:  Регулаторна Комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија со цел изнаоѓање на посебна тарифа за станарите во ваков комплекс на домување, кои за жал, се обременети со сметки повисоки за 140%, како и посебен состанок со ЕВН на кој што беше побарано инсталирање на посебни броила во секој од посебните делови. Меѓутоа, на ниту едно од овие барања, надлежните институции не излегоа во пресрет.

Исто така, најостро го отфрламе тврдењето дека вашиот портал се обидел да стапи во контакт со нас, но не успеал, како и изнесеното дека вработените во СЕ КЛУБ ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИС ДОО Скопје не знаат да зборуваат македонски јазик. Напротив, до овој момент ниту еден од порталите не стапил во контакт со нас. Исто така, ја информираме јавноста дека нашите канцеларии се токму во зградите во комплексот Џевахир, со цел нашиот тим да биде постојано достапен и сервилен за станарите на комплексот. Поради тоа, ваквите наводи се паушални и невистинити.

Во насока на тоа, укажуваме дека изнесените наводи во веста се изнесени апсолутно паушално без докази кои упатуваат на наведеното, од што може да се заклучи дека единствената намера е да се наштети на честа и угледот на СЕ КЛУБ ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИС ДОО Скопје, која напротив, е единствена фирма за управување во Република Северна Македонија која располага со експертски тим од Република Турција, за услуги од специфичен карактер во доменот на  менаџирање и сервисирање на секакви  станбени, деловни и други видови на комплекси.

Скопје, 16.11.2022 г.

Појаснување од Редакцијата:

Плусинфо објави куса вест преземена од друг медиум, со линк до изворниот текст. Точно е дека во насловот на нашата вест се спомнуваат наводи кои се негираат во демантот, но се демантираат и многу наводи од изворната вест што не се содржат во веста објавена на нашиот портал.

Како и да е, укажуваме дека целта на нашата вест е да се информира јавноста за сериозен проблем со кој се соочиле станарите, а не да се наштети на  угледот на СЕ КЛУБ ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИС ДОО Скопје. Жалиме ако веста се доживува и на таков начин.

За да нема дилеми, еве ја и демантираната вест на Плусинфо:

СТАНАРИТЕ ВО ЏЕВАХИР ДОБИЈА СТРУЈА ПО 6 ЧАСА МРАК Пешки до 40 спрат без светло во влез!

Поврзани содржини