ЛИФТОТ СЕ РАСИПАЛ, ПА ОСТАНАЛЕ 900 МЕТРИ ПОД ЗЕМЈА Од синоќа 50 рудари се заробени во рудникот „Трепча југ“.

Во моментов состојбата е добра. На шпоретот остана храна. Разговаравме со нив, во добра состојба се бидејќи имаат вентилација и светлина. Проблемот е со лифтот, вели еден од рударите.

559

Во рудникот „Трепча Југ“ од синоќа околу 50 рудари се заробени на 900 метри под земја.

Рударите се заробени 12 часа, а причината е проблем со струјата, јави порталот Лајми, пренесува Косово онлајн.






Според порталот, рударите од ноќната смена, кои почнале со работа на полноќ, останале заробени во рударското окно.

– Во моментов состојбата е добра. На шпоретот остана храна. Разговаравме со нив, во добра состојба се бидејќи имаат вентилација и светлина. Проблемот е со лифтот – вели еден од рударите.

Овој портал се обидел да добие одговор од директорот на рудникот Беџет Винартчи, но тој не бил достапен, пренесува Бета.

Поврзани содржини