ЛИДИЈА ДИМОВА ОСУДЕНА НА 2 ГОДИНИ ЗАТВОР Треба да врати 22,7 милиони денари на Агенцијата за европски образовни програми

Димова треба да плати и судски паушал од 10.000 денари и да ги покрие судските трошоци, како и во рок од шест месеци да ја надомести штетата од 22,7 милиони денари на Националната агенција. 

3,977

Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години.

Димова треба да плати и судски паушал од 10.000 денари и да ги покрие судските трошоци, како и во рок од шест месеци да ја надомести штетата од 22,7 милиони денари на Националната агенција.






Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, ja ослободи Димова за делото измама, како и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.

Димова со нестручно и несовесно постапување овозможила противправна имотна корист на трети лица со што е направена штета од 2.818.000 денари на Европските фондови.

– Во делот на измама на штета на европски фондови не е опишан начинот на кој е извршено делото и не е јасно наведено на кој начин, дали и како биле искористени лажните податоци. Без вакви елементи недостига основ на делото измама и судот беше спречен објективно да оцени дали обвинетата пропуштила и дала невистинити податоци и со тоа предизвикала штета на фондови на ЕУ. Судот во тој дел беше должен да донесе ослободителна пресуда – рече судијката.

Застапник на обвинението е обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска.

Обвинението против Димова е поднесено во јуни 2022 година.

Според Обвинителството, Димова во периодот од 2018 до 2020 година, како одговорно лице – директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, со намера за друг да прибави значителна имотна корист, ја злоупотребила својата службена положба и овластување и постапила спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Непочитувајќи ги начелата на законитост, еднаквост и јавност, без да објави јавен конкурс, не постапила совесно, стручно и непристрасно и ги дискриминирала потенцијалните кандидати, овозможувајќи повластување на повеќе надворешни лица со кои склучила поединечни договори и ги ангажирала како соработници, експерти, обучувачи и др.

Поврзани содржини