ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА Е ПАТ ЗА КОНСЕНЗУС ЗА РЕФОРМИТЕ ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА Се одржа со јасна цел за градење заеднички ставови

Оваа лидерска средба доаѓа по иницијатива на претседателот на Владата, на премиерот Христијан Мицкоски и е за градење на заеднички ставови, токму за реформската агенда, оние закони коишто се важни за исполнување на патоказот кон ЕУ, за да можеме да седнеме на заедничка маса сите политички чинители коишто себе се доживуваат како одговорни политички субјекти во државата и се загрижени за иднината да можеме да формулираме заеднички ставови и начин на којшто ќе одиме нанапред, истакна пратеникот Миле Лефков.

24

Лидерската средба иницирана од премиерот претставува одговорен и државнички чекор насочен кон градење заеднички ставови за клучните реформски закони неопходни за патот кон Европската Унија. Вака во ТВ гостување истакна Миле Лефков, пратеник и член на изборниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Лефков, она што ја разликува денешната лидерска средба од претходни средби кои се одржувале поради конкретни политички причини, оваа средба цели да отвори, како што вели, суштински дијалог меѓу политичките чинители за стабилноста, довербата во институциите и за политичката зрелост во државата.






– И во минатото сме имале лидерски средби, меѓутоа тие лидерски средби се одржувале поради една, друга или трета причина. Оваа лидерска средба доаѓа по иницијатива на претседателот на Владата, на премиерот Христијан Мицкоски и е за градење на заеднички ставови, токму за реформската агенда, оние закони коишто се важни за исполнување на патоказот кон ЕУ, за да можеме да седнеме на заедничка маса сите политички чинители коишто себе се доживуваат како одговорни политички субјекти во државата и се загрижени за иднината да можеме да формулираме заеднички ставови и начин на којшто ќе одиме нанапред – истакна Лефков.

Пратеникот Лефков, во реплика на пратеникот од опозициската СДСМ Фатмир Битиќи, истакна дека критиките упатени кон лидерската средба се неосновани и дека напуштањето на дијалогот и оставањето празно столче не придонесуваат кон градење доверба. Тој истакна дека токму Владата презема иницијатива за обединување околу реформската агенда, без потреба од ад-хок политички конструкции, како што беше т.н. Пржинска влада.

– Користевте тешки зборови за лидерската средба, суфицит на волја, камуфлажа, инженеринг и рековте дека вака не се креирала доверба, жестоко бранејќи ја Пржинската влада, меѓутоа таа влада е нешто за коешто денеска практично сите коишто учествуваа на таа лидерска средба се изјаснија дека е нешто коешто е вишок, коешто е непотребно и потребно е да се гради доверба во институциите и нема потреба од оваа реторика – рече Лефков.

Поврзани содржини