ЛИДЕРСКАТА НЕ БЕШЕ СЛУЧАЈНО ОРГАНИЗИРАНА Според Милошоски власта сакала да го одвлече вниманието од инфлацијата

Милошоски за лидерската средба вели дека кога се организира средба преку медиуми, таа ќе заврши како медиумски настан.

1,738

Власта не може да ја убеди јавноста дека ова се последни отстапки кои треба да бидат направени со цел зачленување на Македонија во ЕУ. Ниту пак има гаранции за државата. Власта сама преземала обврски, а тие обврски не се пропорционални и се некорисни за Македонија, кажа Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

– Кога веќе организираат средба за одредена тема или обврска која ја преземале како власт без да ја консултираат опозицијата пред една, две или три години тогаш на самото организирање на средбата ќе нема консензус за самостојно преземање на обврските кои се непропорционални и не корисни за Република Македонија – кажа Милошоски.






Тој потенцираше дека не случајно се организира денес лидерска средба бидејќи Владата точно знаела кога ДЗС ќе излезе со најновите податоци за растот на инфлацијата со галопирачки раст.

– Денес уште еднаш се потврди дека Македонија е прва во регионот и меѓу првите 4 земји во Европа со највисока инфлација од скоро 20%, а ако одиме само на храната и енергенсите можеби инфлацијата тогаш е 40% – вели Милошоски.

Пратеникот рече дека ВМРО-ДПМНЕ има кохезивна пратеничка група, но тоа што го забележавме во времето за изгласување на францускиот предлог каде се забележа во самото Собрание дека има поединци и пратеници од владејачкото мнозинство кои беа воздржани и не се расположени за таков чекор.

Тој смета дека и во самото владејачко мнозинство , има поединци кои размислуваат поинаку од онаа проголтана лента која цело време ја вергла Ковачевски дека има мнозинство и ќе ги направи тие уставни измени.

– Ако власта смета дека времето се скапоцено, а дека ова прашање е битно и можат да го направат тогаш нека не губат време и уште утре нека поднесат иницијатива за уставни измени, но власта со самата средба денес која беше медиумско политички настан пред се и власта покажа дека нема мнозинство – рече Милошоски.

Милошоски потенцираше дека Владата се однесува сервилно кон интересите на туѓите влади.

– Кога имаме сервилна влада тогаш и земји кои не се очекува да постават услови, можат да постават услови и да ги прифатите, наспроти мислењето на јавноста или мнозинството – вели Милошоски.

Поврзани содржини