Во претседателската резиденција во тек е средба на која лидерите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата дебатираат за терминот на одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа закажани на 12 април, но беа одложени поради прогласувањето вонредна состојба и ширењето на коронавирусот.
Поради мерките за превенција од коронавирусот средбата се одржува на отворено под тенди, на балкон од Вилата Водно. Сите учесници на средбата се со маски и седат на растојание еден од друг.
Се очекува, по средбата да стане јасно и дали ќе продолжи вонредната состојба во земјава.