Лидерска кај Пендаровски утре во 13 часот, ќе падне ли тајмингот за избори?

Инаку, по предлогот за избори на средината на јуни, што вчера го објави Зоран Заев,  денеска  Мендух Тачи, лидерот на ДПА кажа дека е за избори кои би се одржале 20 до 22 дена по Рамазан Бајрам, а овој празник е на 24.мај. Од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека до утре, до лидерската средба, не го кажуваат нивниот предлог за датум за претстојните парламентарни избори. 

365

Утре со почеток во 13 часот, во „Вила Водно“ ќе се одржи средба на која се поканети претседателите нa политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи, информираа од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

На средбата се поканети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.






На средбата се поканети и претседателот на Собранието Талат Џафери и техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Инаку, по предлогот за избори на средината на јуни, што вчера го објави Зоран Заев,  денеска  Мендух Тачи, лидерот на ДПА кажа дека е за избори кои би се одржале 20 до 22 дена по Рамазан Бајрам, а овој празник е на 24.мај.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека до утре, до лидерската средба, нема да го кажат нивниот предлог за датум за претстојните парламентарни избори.

 

 

Видео инсерти и фотографии од средбата ќе бидат дистрибуирани до медиумите од страна на прес службата на Кабинетот, веднаш по почетокот на лидерската средба.

 

Медиумските екипи кои би сакале да ги проследат изјавите на претседателите на политичките партии по завршувањето на средбата може да пристигнат пред „Вила Водно“ во 14:00 часот.

 

Во согласност со препораките за заштита од КОВИД-19 изјавите ќе бидат на отворено пред „Вила Водно“.

Поврзани содржини