Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе падне пред да ѝ заврши мандатот на граѓански протести ВИДЕО
Ова е истата таа влада која го изведе најнечовечкиот, најбруталниот поткуп на избори на Балканот спроведен било кога. Потрошија милијарда за еднократен поткуп а не за проекти. За пакети, за купување гласови. Ја газеа волјата на народот. А ние водејќи се од интересите на државата и водејќи сметка за европските приоритети и интереси не сакавме изборите да се претворат во тоа што беа, изборна кланица, порача Мицкоски.
Не чека сиромаштија и уште поголема криза, а не слушнавме ни збор како ќе се справат со кризата, ова влада ќе падне на граѓански протести, пред завршетокот на мандатот, рече на денешната прес конференција лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Кадрите на новото владејачко мнозинство, според Мицкоски, се истрошени, компромитирани и трансициски и настапуваат со истите ветувања кои што не ги исполнија во нивниот претходен мандат.
– Ова е почеток на крајот на СДСМ. Оваа влада нема иднина и ќе падне пред завршетокот на својот мандат на граѓански протести. А, како ќе се однесува ВМРО, со жестока критика на страна на народот, со организирани масовни граѓански протести. Бидејќи ова не е само моја битка, ова е битка на народот против неодговорната и криминална влада – порача Мицкоски.
– Денес имаме нова влада со стари, истрошени, компромитирани и транзициски кадри. Кадрите се исти и стари, но и ветувањата се стари и истите оние кои не ги исполнија. Ништо ново, ветуваат просечна плата од 600 евра кога неисполнија ветување од 500 евра. Па во меѓувреме, од митинзите пред избори до вчерашната собраниска седница си го намалија сопственото ветување па ветуваат 570 евра просечна плата, која исто така најверојатно нема да ја исполнат. По трет пат ветуваат нов клинички центар, нови 260 км автопатишта откако не изградија ниту еден свој километар автопат во изминатите 4 години. Ветуваат странски инвестиции откако не донесоа ниту една, ветуваат нови работни места откако имаме 40 илјади нови невработени само за 5 месеци. Ветуваат реформа во администрацијата кога потрошија 4 години и ништо не направија. Ветар и магла, ним им е важно само брутално, дрско и безобзирно да крадат – додаде Мицкоски.
Првата работа која ќе ја направеле, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе била уривањето на дивоградбата во Мавровка, откако се запали објектот и се градеше 4 месеци во мандатот на владата водена од СДСМ.
– Самите дозволија да се изгради и сега ќе ја уривале. Какво лицемерие. И најголемото е она кога Заев ветува дека ќе се борел за правда, човекот кој едно исто со криминалот во земјава. Тоа е владата со истите луѓе кои го правеа рекет, кои направија шума од стеблата со непотизам, тендери во 4 очи, луј витон чанти, градоначалници шверцери. Влада водена од истите луѓе кои земјава ја вброија со Боцвана и Сенегал како хибриден режим, кои според Економист сме најкорумпирана држава во Европа, на листата на Транспаренси сме на 106то место последни во Европа, а во друштво со Сомалија, Брегот на слонова коска.
Ова е истата таа влада која го изведе најнечовечкиот, најбруталниот поткуп на избори на Балканот спроведен било кога. Имавме вонредни избори, а тие дојдоа затоа што Македонија не доби датум за отпочнување на преговори со ЕУ. Ако се прашувате зошто? Се виде пред изборите. Потрошија милијарда за еднократен поткуп а не за проекти. За пакети, за купување гласови. Ја газеа волјата на народот. А ние водејќи се од интересите на државата и водејќи сметка за европските приоритети и интереси не сакавме изборите да се претворат во тоа што беа, изборна кланица – порача Мицкоски.