Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на конференција на фондацијата „Конрад Аденауер“ во ЖИВО

309

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе учествува на конференцијата „Конзервативни народни партии – градење мостови кон заедничка иднина во ЕУ” во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“ која ќе се одржи во 15 часот во хотелот „Хилтон“.

На панел-дискусијата првпат на иста маса ќе седнат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села и Африм Гаши, претседател на Алтернатива.






Учесик и говорник ќе биде и Арбен Кашаху од Демократската партија на Албанија на Љуљзим Баша, а ќе има претставници и од Демократската лига на Косово, основана од Ибрахим Ругова, а чиј претседател е Иса Мустафа. Поздравен говор преку онлајн вклучување ќе има и Пауло Рангел, потпретседателот на ЕПП

Пред почетокот на конференцијата Мицкоски ќе даде изјава за медиуми која може да се проследи на линкот подолу:

Поврзани содржини