ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЈА ПОВИКА ЛЕВИЦА НА ФРОНТ Да ја поразиме неспособната власт на СДСМ и ДУИ!
Според него обединет опозициски блок буквално ќе го растури тенкото владино мнозинство, а тоа го покажуваат и истражувањата на јавното мислење.
Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го има како цел е да ја порази оваа неспособна власт на СДСМ и ДУИ и секој кој ја има истата цел е добредојден. Тоа го имам кажано неколку пати јавно. Еве, уште една прилика за јавен повик кон сите да се придружат кон оваа иницијатива да ја победиме оваа неспособна власт, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на централниот Дневник на телевизија Сител.
Мицкоски укажа дека овој повик се однесува и на раководството на Левица.
– Ако Левица сака да делува опозициски и да ја поразиме оваа неспособна владејачка гарнитура нека се приклучат кон овој опозициски фронт – рече Мицкоски.
Според него, обединет опозициски блок буквално ќе го растури ова тенко владино мнозинство, а тоа го покажуваат и истражувањата на јавното мислење.