Лидерот на средношколците Ходаи се вакцинираше: Ме поканија и истрчав да ја примам вакцината
Ги повикувам сите средношколци, сите студенти, сите млади - говорете со вашите родители, роднини, баби, дедовци и соседи, објаснете им колку е важно да се вратите во школските клупи во септември, колку е важно животот да се врати во нормала.
Предводникот на средношколците Бленд Ходаи преку Фејсбук се пофали дека се вакцинирал. Тој вели дека кога ја добил поканата истрчал да се вакцинира.
„Кога има проблем мора да се делува, а не да се стои на страна. Проблемот е очигледен: многу луѓе се немаат пријавено за вакцинација, што е единствен начин да се стави крај на пандемијата. Јас се пријавив уште пред 1-2 месеци на web порталот. Ме поканија и истрчав да ја примам вакцината. Ги повикувам сите средношколци, сите студенти, сите млади – говорете со вашите родители, роднини, баби, дедовци и соседи, објаснете им колку е важно да се вратите во школските клупи во септември, колку е важно животот да се врати во нормала. Тоа е единствено можно преку масовна вакцинација. Нека се пријават и вакцинираат. И себе ќе си го заштитат здравјето а нам ќе ни ги заштитат образованието и иднината“, напиша Ходаи на Фејсбук.