Лидерот на Беса: Каде е Мијалков, како побегнал, кој му помогнал, Спасовски да каже во Собранието

Ако не успее министерот да даде одговор на овие прашања, тогаш ќе бараме политичка одговорност, вели Касами.

3,009

Лидерот на Беса, Биљал Касами во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 го повика  министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да објасни како се случило бегството на Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК и рече дека партијата ќе побара одговорност од Спасовски.

– Најдиректна одговорност треба да побараме од министерот за внатрешни работи. Тој е избран во Собрание и таму треба да објасни. Прашуваме каде е човекот, каде е Мијалков, како побегнал, кој му помогнал?. Тоа треба да го одговори министерот за внатрешни работи – вели Касами.






Лидерот на Беса изјави дека доколку нема одговор на овие прашања, ќе се бара политичка одговорност.

– Ако не успее да даде одговор на овие прашања, тогаш ќе бараме политичка одговорност. Ние политичка одговорност не можеме да побараме од обвинителството, само од министерот за внатрешни работи – вели Касами кој  ќе бара Спасовски да одговори во Собранието.

Поврзани содржини