ЛИДЕРОТ ГОВОРЕШЕ НА СЦЕНАТА И ОДЕДНАШ МРАК! Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од власта зошто снема струја
Власта на СДСМ ДУИ дoлжи одговори и одговорност зошто снема струја? Бараме одговорност, затоа што никој не смее да ја замолчува демократија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Токму во моментите кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, даваше отчет за сработеното во првите сто дена, снема струја во објектот на Македонска Филхармонија, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Мицкоски продолжи со отчетот и во услови на немање на струја со својот говор. Власта на СДСМ ДУИ дoлжи одговори и одговорност зошто снема струја? Бараме одговорност, затоа што никој не смее да ја замолчува демократија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Како што и претходно објавивме, без електрична енергија остана центарот на главниот град, а со сличен проблем се соочија и дел од жителите на скопската населба Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Драчево, Ново Лисиче, Аеродром и на Зелениково.
Експлозија и пожар на далековод во скопското село Ајватовци, пожар на високонапонски столб во индустриската зона Бунарџик, како и пожар на делеководот до трафостаницата во Пинтија, неофицијално, се причините за тоталниот мрак во кој западнаа најголемиот дел од општините во главниот град Скопје.