Лидерите на политичките партии утре на лидерска ќе расправаат за коронавирусот
Од Владата на брифинг со медиумите порачаа дека сега никој не треба да профитира политички.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски за утре во 13 часот закажа координација на претставници на политичките партии во врска со реализацијата на владините мерки за справување со коронавирусот.
На координацијата, како што потврдија од Владата, присуство потврдиле лидерите и плус уште еден претставник на партиите СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијансата за Албанците и Алтернатива.
Од Владата на брифинг со медиумите порачаа дека сега никој не треба да профитира политички.
– Врв на неодговорност е да разговарате со министер за здравство и за еден час да му поднесувате кривична пријава дека го загрозува здравјето на луѓето е политика што сакаат да ја пласираат. Во овие услови на ваква криза секој оној кој ќе калкулира за политика, за политички поени, за сензационализам и за што било на грбот на граѓаните и нивното здравје, некој да гради своја среќа на туѓа несреќа е осудено на пропаст – рекоа од Владата.