ЛИДЕРИТЕ НА ЕУ ЌЕ СТОРАТ СЀ ДА ЈА САБОТИРААТ СРЕДБАТА ПУТИН-ТРАМП Унгарија тврди дека Брисел размислува единствено за војна

Сакаат да ја стават Европската Унија во воен режим, да ја вооружуваат и финансираат Украина со парите на европските народи, обвини унгарскиот министер Сијарто.

489

Унгарската влада е подготвена да направи сè што е во нејзина моќ за средбата меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп во Будимпешта да биде успешна, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за неделната програма на Радио Кошут.

– Европските лидери ќе сторат сè што е можно за да се обидат да ја спречат средбата на рускиот и американскиот лидер во Будимпешта, бидејќи повеќето политичари од ЕУ се фокусирани на продолжување на конфликтот во Украина – рече Сијарто.






Како што истакна, речиси сите земји од ЕУ, со исклучок на Словачка и Унгарија, водат „воена политика“, претставувајќи го конфликтот во Украина како свој, подготвувајќи се за војна и сакајќи да воведат воена состојба во ЕУ.

– Брисел се подготвува за војна, сака да ја стави Европската Унија во воен режим, да ја вооружи и финансира Украина со парите на европските народи, додека Унгарија организира мировен самит. Тоа е разликата. Сега стигнавме до моментот кога претседателите на САД и Русија се согласија мировниот самит да се одржи во Будимпешта – нагласи Сијарто, нарекувајќи ја Унгарија „остров на мирот“ во Европа.

На 16 октомври, по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека се согласиле наскоро да се сретнат во Будимпешта.

Коментирајќи ја најавената средба на Путин и Трамп, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека би било праведно и тој да учествува на таа средба. Зеленски изјави дека му рекол на Трамп, за време на состанокот во Белата куќа на 17 октомври, дека е подготвен да му се придружи на средбата со Путин.

Како може да има какви било договори без нас за нас? Ако навистина сакаме праведен и траен мир, ни требаат двете страни од оваа трагедија – рече Зеленски во интервју за NBC News.

Планираниот мировен самит меѓу Трамп и Путин во Будимпешта би можел да стане дипломатски настан од глобално значење – но и логистички кошмар за руската страна. Поради европските санкции и забраната за прелет на руски владини авиони, претседателот Путин ќе мора да патува по речиси петпати подолга рута – преку Турција и Србија.

Безбедносните служби предупредуваат дека патувањето над Црното Море носи зголемен ризик поради воените операции во регионот, додека руските и странските власти треба внимателно да ја координираат воздушната рута.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг објави дека „очекува апсење на рускиот претседател во Унгарија“, пишува холандскиот весник „Лајдшдагблад“. Како што е наведено во соопштението на МКС, од секоја земја-членка се очекува да ги исполни обврските што ги има и кои се официјално потпишани.

Сепак, Европската комисија оцени нема правни пречки Путин да допатува на состанок во Будимпепешта. Портпаролка на Комисијата, Анита Хипер, на прашање дали Путин може да патува на состанок во Украина, појасни дека рускиот претседател и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров се предмет на санкции за замрзнување на средствата, но „не се конкретно опфатени со забраната за патување“.

Според Европската комисија, секоја можна средба меѓу Трамп и Путин е добредојдена доколку придонесе за постигнување „праведен и траен мир“ во Украина.

Унгарскиот министер Сијарто рече дека датумот и организациските детали за претстојните руско-американски разговори во унгарската престолнина ќе бидат познати по консултациите меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио, кои ќе се одржат во наредните денови.

Поврзани содржини