ЛИЧНО ГИ ВИДОВ ДОКУМЕНТИТЕ СО КОИ МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА ПОТВРДУВА ДЕКА Е БУГАРКА Потпретседателката на Бугарија испрати порака до политичарите во Македонија

Во обраќање до македонските власти во Ќустендил Јотова ги повика своите македонски колеги со поголемо разбирање да ги читаат европските вредности и дека почитувањето на човековите права е клучно во преговорите за членство во ЕУ, особено во првото поглавје.

613

„Јас лично ги видов нејзините документи и декларација, лично потпишана од неа, во која таа наведува дека има бугарскa самосвест и потекло“.

Вака изјави потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова коментирајќи го случајот со бугарското државјанство на македонската министерка за енергетика, рударсво и минерални суровини Сања Божиновска, јавува БТА.






Во обраќање до македонските власти во Ќустендил Јотова ги повика своите македонски колеги со поголемо разбирање да ги читаат европските вредности и дека почитувањето на човековите права е клучно во преговорите за членство во ЕУ, особено во првото поглавје.

Јотова рече дека ако една земја членка смета дека од страна на земјата кандидат не се почитуваат човековите права и правата на малцинствата, процесот кон ЕУ не може да продолжи.

Оваа нејзина изјава доаѓа паралелно на неодамнешната оценка на Советодавниот комитет на Советот на Европа, во која пак се укажува дека во Бугарија се забележува недостаток на свест за малцинските правa.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски ѝ одговори на Јотова повикувајќи јада дозволи македонската заедница да се организира во невладини организации.

– Ние како држава ги почитуваме и постапуваме доколку постојат такви пресуди од институцијата која е одговорна да носи одлуки за почитување или непочитување на човековите права. Тоа е Судот за човекови права во Стразбур. За жал, имаме земји-членки во Европа кои што имаат десетици такви пресуди кои што не ги почитуваат. Претпоставувам тоа ќе важи и за земјите-членки, а не само за кандидатите – рече премиерот Христијан Мицкоски по повод последните изјави на бугарската потпретседателка.

Македонскиот премиер ја упати Јотова советите да ги даде и до тие земји-членки на ЕУ кои што треба конечно да ги почитуваат човековите права.

– Имаме 14 пресуди за македoнската заедница во Бугарија. Ги повикувам истите овие кои што нас ни даваат совети, да ги советуваат и бугарските власти, да ѝ дозволат на македонската заедница барем да се организира во невладини организации. Не бараме да бидеме дел од Уставот, туку да се организираат во невладини организации. Тоа можат да го направат во таа насока – кажа Мицкоски од општина Гази Баба, каде што присуствуваше на поставување на камен-темелник за нова училишна зграда.

Македонците во Бугарија деновиве се соочуваат со забрана за одбележување на годишнината од Кресненското востание.

Македонскиот клуб за етничка толеранција известува дека, како и во минатите години, поднеле известување до Општина Кресна за полагање цвеќе пред споменикот на Димитар Поп Георгиев Беровски, но добиле одговор дека на 20 октомври, датумот на настанот, општината има планирано други активности.

 

 

Поврзани содржини